Не е крај: Пешиќ сепак останува во репрезентацијата на Србија

72
ФОТО: FIBA.COM

Светислав Пешиќ сепак ќе остане во српската репрезентација, но во малку поинаква улога во Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Планот е да се формира ново експертско тело, нешто слично на Експертскиот совет што постоеше претходно, а Светислав Пешиќ, како што објави Моцартспорт, ќе има токму таква експертска улога и ќе остане близок соработник на Небојша Човиќ.

Ова не може да се нарече изненадување, со оглед на тоа што српскиот експерт долго време велеше дека на српската кошарка ѝ се потребни промени на бројни нивоа на организацијата, а сега ќе се обиде да помогне со своето искуство и знаење.

За потсетување, мандатот на Светислав Пешиќ како главен тренер истече на крајот на септември, што значи дека тој повеќе не е на чело на Србија.

Него го замени Душан Алимпијевиќ, кој се обврза на тригодишна соработка.

ПретходноТетовскиот стадион ќе чини 10.000.000 евра и го гради „газдата“ на Шкендија
СледноЛетаат искри на теренот: Кузмановски „полуде“, Борозан доби црвен картон (ВИДЕО)