Славниот Дејо има проблем: Доби кривична за стадионот во Подгорица!

111

Голем скандал ја тресе Црна Гора околу изградбата на само една трибина (источната), на стадионот во Подгорица. Веќе две години трае истрагата околу споменатиот објект, а пред некој ден Специјалното државно обвинителство поднесе кривична пријава против Фудбалската федерација на Црна Гора и претседателот Дејан Савичевиќ за злоупотреба на институцијата и фунцијата.

Според најавите на медиумите од Црна Гора стадионот или едната трибина во Подгорица со капацитет од 6.100 гледачи треба да чини неверојатни 35.000.000 евра!

Савичевич и ФСЦГ се теретат дека злоупотребиле 500.000 евра од буџетот на федерацијата за незаконска изработка на проектот, а потоа истиот како донација го подарите на градот кој е главен инвеститор на проектот. Проектот бил многупати менуван и дополнуван и сето тоа не било според законот за јавни набавки.

Истрагата трае од 2022 година а обвинителството пред некој ден стартуваше со расчистување на случајот и со покренување на кривичните приојави.

Народот во Црна Гора се прашува: Која трибина во светот со капацитет од 6.100 места чини рекордни 35.000 000 евра. Наведуваат примери дека за таа сума е направен новиот стадион во Загреб на Крањчевиќева со капацитет од 12.000 седишта, а во Сараево за јужната трибина на „Грбавица“ за 5.000 гледачи се потрошени 2.4 милиони евра.

И кај нас се градеа стадиони во Охрид, Велес, Штип… за каде имаше многу врева и проблеми но и докази за нерегуларности а тоа беа од финансиите на ФИФА и УЕФА.

ПретходноНова катастрофа: Работнички се распадна, Шелбурн броеше до седум! (ФОТО)
СледноАлкалоид како „фурија“ – го победи Прилеп со 26 гола разлика!