Веднаш по прес – конференцијата на која стратегот на Шкендија, Јетон Беќири и капитенот, Бесарт Ибраими одговараа на прашањата на новинарите, се одработи и оној вообичаен тренинг на теренот на кој утре од 18:45 часот ќе се одигра и мечот од 1.коло во Лигата на Конференции меѓу Рајо Ваљекано и шампионот на Македонија.
Тетовци го почувствуваа „Ваљекас“, како стадионот така и теренот, и во добра атмсосфера минаа нешто повеќе од еден час на него.
Секако дека тимот од Ла Лига е голем фаворит, но Шкендија ветува дека ќе го даде својот максимум.
Инаку утре Бесарт Ибраими и другарите ќе испишат историја, ова е прв меч во клупската историја од групната или лигашка фаза на едно европско клупско натпреварување.