Њукасл убедлив кај Унион, Карабах го “скрши“ Копенхаген!

27
ФОТО: Newcastle United F.C./FB

Во првите два меча од вечерашната програма во 2.коло во Лигата на Шампионите победи на Њукасл и Карабах. Да потсетиме дека тимот од Азербејџан ја елиминира Шкендија во 3.квалификациско коло во ЛШ.

Инаку Њукасл на гостувањето кај Унион во Белгија успеа да слави со 0:4. Пред се ова беше руринска победа за тимот од Премиерлигата и тоа со головите на Волтемаде, двата гола од пенали на Гордон а точка стави Барнс во 80.минута за конечни 4:0.

Карабах на свој терен во Баку успеа да дојде до екстра значајни три бода во лигашката фаза во ЛШ, и тоа со победата над Копенхаген од 2:0.

Зоубир во 20.минута донесе водство за радост на домашните фанови а во 83.минута Адаи со гол за 2:0 покажа дека трите бода остануваат во Баку.

ПретходноБеќири и Ибраими пред утрешниот дуел со Рајо: Ова е историски меч за нас, Шкендија ќе го даде својот максимум!
СледноВардар 1961 остана перфектен, Пелистер падна во „Јане Сандански“ (ФОТО+ВИДЕО)