Канаваро има нов ангажман, ќе биде селектор на Узбекистан

25

Италијанската фудбалска легенда, Фабио Канаваро ќе биде следниот селектор на репрезентацијата на Узбекистан. Стратегот последно беше на клупата на Динамо Загреб, но таму не се задржа премногу. Овојпат, тој има начелен договор, а промоцијата треба да се случи во следните ден, два.

Она што е пак многу важно да се напомене е дека Узбекистан обезбеди пласман на Мундијалот следната година, и тоа благодарение најмногу на поранешниот наш селектор, Среќко Катанец. Тој мораше да си даде оставка поради здравствени причини, а Канаваро е неговата замена.

ПретходноПознати стартните единаесет на Шкендија за дуелот со Рајо
СледноОгромна финансиска загуба за Барселона – проблемите продолжуваат