Лига Конференции: Шкендија го дочека денот кој што го сонуваше, време е за фудбалско уживање!

82
ФОТО: KF Shkendija/FB

Кога “Еколог“ во 2013 година влезе во Шкендија, се разбира дека амбициите и тоа како пораснаа. Иако и претходно тетовци беа шампиони, сепак планот беше да се оди на нешто големо. И тоа големо се чекаше цели 12 години, и конечно дојде, и конечно Шкендија го дочека денот кој што го сонуваше.

По освоени пет шампионски пехари, по четири пласмани во плеј – офот во Лигата на Европа, еве вечерва на “Ваљекас“ во Мадрид, тетовци испишуваат историја, го играат првот меч во групна фаза или по ново лигашка фаза во Лигата на Конференции. И тоа на гости кај Рајо Ваљекано.

На сите ни е јасно дека ова е некое друго ниво, тука можеш само фудбалски да уживаш, да го дадеш својот максимум и едноставно да одиграш најдобро што можеш.

Шкендија веќе си го направи своето. Испиша историја, ја наполни клупската каса со најмалку 4,5 милиони евра, но Шкендија, барем според најавите не мисли дека тука треба да се застане.

Во Лигата на Конференции македонскиот шампион го чекаат шест тешки меча со силни противници, но и со ривали кои може и тоа како да се чепне нешто, некој бод.

Вечерва момците на Јетон Беќири во еден од најфудбалските градови во светот, во Мадрид испишуваат историја, и не само клупска туку и на мак-фудбалот.

Па не секој ден наш тим игра во групна или лигашка фаза во некое европско натпреварување.

Нека биде спектакл, знаеме дека Рајо Ваљекано ќе биде одличен, нека биде и Шкендија.

На крај мечот од 1.коло во Лигата на Конференции се игрта вечерва на „Ваљекас“ во Мадрид со почеток од 18:45 часот.

ПретходноДе Брујне: Хојлунд почнува да ми наликува на Халанд
СледноОфицијално: Игор Ангеловски е нов тренер на кипарски Етникос Ахна