Трансфермаркт: Рајо вреди 77,4 милиони евра, Шкендија само 6,05 милиони!

102
ФОТО:Rayo Vallecano/FB

Нема дилеми кој тим вечерва во Мадрид на „Ваљекас“ е голем фаворит. И според играчкиот квалитет, и според реномето и рејтингот, секако дека тоа е Рајо Ваљекано. Клубот од предградието на Мадрид не спаѓа во кремот на шшанскиот фудбал, каде што се Реал Мадрид, Барса и Атлетико Мадрид, но сепак во последните години важи за фактор во Ла Лига. Доказ е дека во екстремно силна конкуренција во Ла Лига да се избори за излез во Европа, па макар тоа било во Лигата на Конференции.

Инаку Рајо е апсолутен фаворит и според вредноста на тимот кој според Трансвермаркет вреди 77,4 милиони евра што за нас е научна фантастика.

Само романскиот репрезентативец Андреј Ратиу вреди 12 милиони евра или колку две Шкендии. Имено тетовци имаат состав кој според Трансфермаркт вреди 6,05 милиони евра, а Клисман Цаке поединечно со 600.000 е со највисока вредност.

ПретходноМејсон Гринвуд се враќа на голема врата…. потпишува за Атлетико Мадрид
СледноВардар 1961 со моќна порака за „Комити“: Ова е силата на тврдината!