Вардар 1961 со моќна порака за „Комити“: Ова е силата на тврдината!

47
Фото: РК Вардар

Вардар 1961 ја доби првата пресметка против вечниот ривал Пелистер во Супер-лигата. Вчера на домашен терен славеше со 31-28 и остана единствениот перфектен тим после пет кола. „Црвено-црните“ имаат пет победи во исто толку одиграни натпревари и се на врвот на табелата.

Денеска од таборот на Вардар 1961 со кратка порака ја опишаа поддршката која ја добиваат од своите верни фанови „Комити“: Ова е силата на тврдината!

И навистина голем број на навивачи вчера дојдоа во СЦ „Јане Сандански“ да ги поддржат своите миленици, на крајот беа наградени со голема победа.

ПретходноТрансфермаркт: Рајо вреди 77,4 милиони евра, Шкендија само 6,05 милиони!
СледноПатот на Шкендија до Лигашката фаза во ЛК: Најслатко беше кога двапати беше совладан некогашниот европски првак!