Во вечерната програма во Евролигата, настап имаа двата белградски претставници. Партизан на домашен терен успеа да забележи минимална но значајна победа од 80:78 над тимот над Олимпија Милано, додека пак тимот на Црвена Звезда ниту овојпат не успеа да мине позитивно во Минхен кај Баерн, туку загуби со 97:88.
Во тимот на Партизан најјефикасен поединец беше искусниот американец Стерлинг Браун со 20 поени, но тој не беше најдобриот поентер на овој меч. Шавон Шилдс од Олимпија постигна поен повеќе.
Конечно, во третиот меч од денешната програма, тимот на Реал Мадрид во супер преспетката против Олимпијакос, успеа да слави со 89:77.
Најдобар поединец на мечот Тајлер Дорси со дваесет поени кои не беа доволни за поволен резултат, додека пак победничкиот тим Марио Хезоња стигна до 18 коша.