И по 25 години не му простиле: Навивачите на Барселона го пречекаа Фиго со свирежи и навредливо скандирање (ВИДЕО)

62
фото: Albert Ortega (X)

За време на синоќешното дерби меѓу Барселона и ПСЖ се случија некои работи кои секако немаат место на фудбалските терени, но навивачите на Барселона покажаа дека не простуваат „предавства“.

Имено, дури и 25 години по неговиот шокантен трансфер од Барселона во Реал Мадрид, навивачите на Барселона не му простиле на Луис Фиго за она што го направи.

Тој синоќа се појави на стадионот за да го гледа натпреварот меѓу неговиот поранешен клуб и Пари Сен Жермен, но наиде на пеколен пречек од навивачите. Пред почетокот на натпреварот, некогаш фудбалер се појави во ВИП ложата и сè беше во ред додека навивачите не го видоа таму.

Почнаа жестоки исвиркувања на негова адреса, а потоа целата публика одлучи да отпее навредлива песна во која одекнуваше: „Тој Португалец, ку**а“.

Присутните на стадионот тврдат дека оваа песна не се слушнала само еднаш, туку се повторувала речиси на секои неколку минути бидејќи навивачите сакале јасно да му дадат до знаење на Фиго дека не е добредојден меѓу нив. За оние кои се сеќаваат, во 2002 година, навивачите на Барселона дури и фрлија свинска глава кон него за време на еден натпревар.

ПретходноПерез: Шкендија не е тим кој шпекулира, имаат офанзивен потенцијал
СледноДе Брујне: Хојлунд почнува да ми наликува на Халанд