Вечерниот термин од Лигата на Конференции, ни го донесе настапот на нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов и неговиот тим Сигма Оломуц. Поразени се кај Фиорентина која се покажа како пресилна и победи со 2:0. Костадинов се најде во стартниот состав.
Од друга страна пак, тимот на Абердин загуби на домашен терен од Шахтјор со 2:3, додека пак АЕК Ларнака со победа од 4:0 ја покажа силата над АЗ Алкмар.
Целје со пресврт дојде до убава победа над АЕК со 3:1, иако грците поведоа. Турскиот Самсунспор со 0:1 обезбеди три бода кај Легиа во Варшава.
Лига на Конференции:
Абердин – Шахтјор 2:3
АЕК – АЗ Алкмар 4:0
Целје – АЕК 3:1
Фиорентина – Сигма 2:0
Легиа – Самсунспор 0:1
Раков – Универзитатеа Крајова 2:0
Шелбурн – Хакен 0:0
Слован – Стразбур 1:2
Спарта – Шамрок 4:1