Перез: Шкендија не е тим кој шпекулира, имаат офанзивен потенцијал

70
фото: @Atleti_Rayo (X)

Тренерот на Рајо Ваљекано, Иниго Перез, е сигурен во квалитетите на својот тим пред денешниот дуел со нашиот првак Шкендија. На прес-конференцијата пред дуелот, јасно посочи дека неговиот тим во оваа Конференциска лига влегува со идеја да стигне до финалето и да го освои трофејот.

„Овој меч не треба да биде мешавина од емоции. Сакаме да стигнеме до финалето и да го освоиме трофејот. Тоа е нашиот менталитет. Натпреварувањето ќе нè стави на нашето место. Не можеме да се понесеме од романтиката на Конференциската лига. Утре мора да се подготвиме за натпреварот како да е лигашки натпревар“, вели Перез.

Според тренерот на мадриѓани, Шкендија не е тим кој треба да се потцени.

„Тие се тим кој не шпекулира. Имаат офанзивен потенцијал, но со оглед на оваа изложеност, ќе се мачат во одбраната. Со оглед на динамиката на натпреварувањето и нашиот пристап, очекувам отворена игра. Мораме прецизно да напаѓаме и добро да се браниме“, дополнил стратегот на Рајо.

Мечот меѓу Рајо Ваљекано и Шкендија започнува во 18.45 часот.

ПретходноШкендија својот 62 европски меч, ќе го одигра во лигашката фаза во Лигата на Конференции!
СледноИ по 25 години не му простиле: Навивачите на Барселона го пречекаа Фиго со свирежи и навредливо скандирање (ВИДЕО)