Познати стартните единаесет на Шкендија за дуелот со Рајо

114

На историскиот прв меч во групната фаза на едно елитно европско фудбалско натпреварување, против шпанскиот тим Рајо Ваљекано, македонскиот шампион, тимот на Шкендија ќе стартува со следните единаесетмина.

Тренерот Јетон Беќири не направи некаков експеримент вечерва, туку се одлучи за оние кои што ја доведоа Шкендија до овој голем успех.

На голот на ќе биде Гаје, а пред него се Вебстер, Цаке, Фетаи и Трумци. Рамадани и Ќака се во средината како и Љатифи, Красниќи и Тамба. Осамен во нападот е Бесарт Ибраими.

Мечот во Шпанија стартува во 18:45.

 

ПретходноИзненадувачка промена на табелата: Пад од две места на Пелистер, сега и Бутел Скопје е пред првакот!
СледноКанаваро има нов ангажман, ќе биде селектор на Узбекистан