Федерер влегува во тениската „Куќа на славните“

18

Легендата на светскиот тенис, Роџер Федерер е номиниран за прием во Меѓународната тениска куќа на славните за 2026 година. Федерер е првиот тенисер кој освоил 20 гренд слем титули и ја започна ерата на великаните со помладите ривали Шпанецот Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ .

Федерер освои 103 трофеи и победи на 1.251 натпревар во сингл.

Тој заврши пет сезони на првото место на АТП ранг-листата и помина 237 последователни недели на врвот, ја предводеше Швајцарија до титулата во Дејвис купот во 2014 година, а заедно со Стен Вавринка го освоија златниот олимписки медал во двојки во Пекинг во 2008 година.

Заедно со Федерер, руската тенисерка Светлана Кузнецова и Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро се исто така номинирани за влез во Куќата на славните.

ПретходноОфицијално: Игор Ангеловски е нов тренер на кипарски Етникос Ахна
СледноСкопски Маратон в недела ќе го собори рекордот по бројот на учесници