Ракометниот клуб Вардар е синонимот за Скопје, и за овој спорт во главниот град на Македонија. Европскиот шампион полека ја враќа својата стара слава, а ќе се врати очигледно и дома.
Поточно, од јануари месец е најавено дека РК Вардар своите мечеви ќе ги игра во реновираната сала Расадник, некогашниот дом на клубот, каде што „црвено – црните“ долги години беа резиденти.
Ова го најави кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој што во мометнов е прв човек на општина Кисела Вода, инвеститорот на реконструкцијата на салата Разадник.
Тој по победата на РК Вардар синоќа над Е.Пелистер во големото дерби на Суперлигата, им ја соопшти оваа вест на ракометарите на Вардар.