Изненадувачка промена на табелата: Пад од две места на Пелистер, сега и Бутел Скопје е пред првакот!

280
ФОТО: RK Pelister/FB

После петтото коло во Супер-лигата дојде до промени на табелата. На врвот остана Вардар 1961 со пет победи во толку одиграни натпревари, откако го победи Пелистер во вечното дерби со 31-28. „Црвено-црните“ имаат максимални 10 бода.

Од денеска второто место му припаѓа на Алкалоид, кој има скор од три победи и две ремија, односно 8 бода. Исто толку бодови има Бутел Скопје, кој има четири победи и еден пораз.

Изненадувачки, Пелистер е на четвртото место со седум бода и скор од три победи, реми и пораз. Исто толку бодови има и ГРК Охрид. Токму овие два тима ќе одлучат кој ќе остане на четвртото место, а кој на петтото, секако доколку нема изненадувања на останатите мечеви. Пелистер е домаќин на ГРК Охрид, пораз ќе значи нов удар за првакот…Секако ова нема да се одрази на плеј-офот, но битолчани одамна не се нашле во ваква позиција.

Но, тоа не треба да се случи бидејќи Алкалоид е гостин на Куманово, додека пак Вардар 1961 оди во Радовиш. Со победи на овие средби скопските тимови ќе останат на истите позиции.

 

ПретходноТрамп одби да им даде виза на Иранците за ждрепката за СП 2026
СледноПознати стартните единаесет на Шкендија за дуелот со Рајо