Малус: Од дете сонував и тренирав за ваква атмосфера и вакви натпревари

216

По синоќешната победа над Пелистер во рамките на 5. коло од Суперлигата, ракометарите на Вардар имаа причини за задоволство. 29-годишниот среден бек, Јака Малус, не криеше дека со нетрпение очекувал да ја доживее оваа пеколна атмосфера во „Јане Сандански“.

„Во Вардар се доаѓа за вакви натпревари. Пред сезоната навистина со нетрпение ги чекав овие натпревари. Полн „Јане Сандански“, се сеќавам уште кога играв во Целје и Брест, кога доаѓавме тука, но секогаш салата беше против мене, а денеска беше за мене. Уште од дете, затоа се тренира, за вакви натпревари и вакви победи“, вели Малус.

За резултатот и играта на дуелот со шампионот, Словенецот дополни:

„Цела сезона како да играме против самите себе. Правевме грешки, ги враќавме противниците во игра. Во овој натпревар не дозволивме тоа да ни се потврди. Одигравме одлични 60 минути и со големата поддршка на навивачите дојде оваа победа“, дополни ракометарот на „црвено-црните“.

ПретходноГотово е: Де Јонг во Барселона до 2029!
СледноШкендија својот 62 европски меч, ќе го одигра во лигашката фаза во Лигата на Конференции!