Патот на Шкендија до Лигашката фаза во ЛК: Најслатко беше кога двапати беше совладан некогашниот европски првак!

157

Откако по пауза од три години Шкендија го врати приматот во мак-фудбалот со својата петта титула, тетовци ја почнаа својата европска одисеја во квалификациите во Лигата на Шампионите.

На стартот повторно ТНС од Велс, како и во таа 2018 година.

И тогаш и сега Шкендија успеа да ја мине оваа пречка и со тоа да се пласира во следната рунда во ЛШ.

Во 2.коло во ЛШ ривал беше ФЦСБ од Романија или Стеауа, некогашен европски првак. И четата на стратегот Јетон Беќири и дома и на гости со по 2:1 или со вкупни 4:2 направи подвиг. Со овој триумф Шкендија си обезбеди пласман во третата рунда во ЛШ, пласман во плеј – офот во ЛЕ и пласман во групната или лигашка фаза во Лигата на Конференции.

Шкендија во Букурешт си испиша историја.

Следуваше елиминацијата од Карабах во третото коло во квалификациите во ЛШ, а потоа и елиминација од Лудогорец во плеј – офот во Лигата на Европа, но затоа Шкендија дојде до групна или лигашка фаза во Лигата на Конференции, и со тоа го оствари сонот на многу генерации фудбалери на овој клуб.

ПретходноВардар 1961 со моќна порака за „Комити“: Ова е силата на тврдината!
СледноЃорческа „запрена“ во второто коло на Челинџерот во Самсун