Трамп одби да им даде виза на Иранците за ждрепката за СП 2026

72
ФОТО: Screenshot

Властите на САД одбија да издадат визи на претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, селекторот Амир Галеноеи и уште седуммина членови на иранската делегација за учество на ждрепката за СП 2026, која ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Ждрепката за групите на Светското првенство ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон, а фудбалската репрезентација на Иран веќе обезбеди пласман на завршниот турнир. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрана за патување за државјани на одредени земји, во која спаѓа и Иран, со кој САД веќе 45 години немаат дипломатски односи.

Претставниците на Иранската фудбалска федерација се надеваат дека проблемот со визите ќе го реши претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој на почетокот на септември им вети дека ќе интервенира доколку има проблеми со издавањето на визи.

ПретходноМакедонија до 18 години минимално поразена од Словачка
СледноИзненадувачка промена на табелата: Пад од две места на Пелистер, сега и Бутел Скопје е пред првакот!