Флик: Да не се залажуваме, се уште не сме исто ниво со ПСЖ

114
фото: Barcelona (X)

По синоќешниот пораз од ПСЖ, тренерот на Барселона, Ханси Флик изјави дека неговиот тим сè уште не го достигнал нивото на ПСЖ.

Каталонскиот тим загуби од ПСЖ (1:2) на домашен терен во меч од групната фаза на Лигата на шампионите.

„Не можеме да кажеме дека сме на исто ниво со ПСЖ во моментов. Но, верувам во мојот тим. Не го покажавме нашиот најдобар фудбал на овој натпревар. Изгубивме, но сакаме да се вратиме на нашето ниво, па затоа треба да тренираме и да се подобриме. Ќе видиме што сме згрешиле“, рече Флик по средбата.

ПретходноСтоле за „СпортСпорт“: Рајо е голем фаворит, Шкендија може да одигра одличен меч во фантастична атмосфера на „Ваљекас“!
СледноВлезе во клупската историја: Волтемаде прв фудбалер на Њукасл со деби-гол во ПЛ и ЛШ