ГОК Борец го врати Лепидовски и донесе две бразилски засилувања

38

Одбојкарскиот прволигаш ГОК Борец во очекување на почетокот на новата сезона во домашното првенство претстави три нови засилувања. Велешани во новата сезона во своите редови ќе го имаат македонскиот репрезентативец Филип Лепидовски, но и две интернационални засилувања од Бразил.

Лепидовски кој минатата сезона го носеше дресот на шампионот Струмица, во новата сезона ќе биде големо засилување за ГОК Борец на позицијата среден блокер. Тој веќе еднаш беше дел од велешкиот тим во сезоната 2022/23, по што замина во српски Металац, од каде се врати на домашната сцена.

Ново коректорско име во дресот на Борец е Бразилецот Алисон Бастос Силвеира кој во Македонија доаѓа од бразилскиот клуб Итабирито. 30-годишниот Бастос има долгогодишно интернационално искуство од настапи во првенствата на Португалија, Шведска и Шпанија.

Последен новитет во ГОК Борец е вториот Бразилец, Фелипе Оливеира. Станува збор за млад 22-годишен одбојкар без интернационално искуство, кој во велешкиот состав доаѓа од бразилскиот тим Осаско, а велешани го најавија како клучно засилување за претстојната сезона која почнува на 25 октомври.

ПретходноАрсими e во налет, нов предизвик Македонија Ѓ.П.
СледноНационалната агенција за наплата (NAN): Една година градење доверба и финансиска дисциплина