Искрено и не е за изненадување, ако се знае што се се случуваше на средбата во Белград на “Маракана“ меѓу Србија и Англија.
Имено раководството на Фудбалскиорт сојуз на Србија, веројатно по препорака на властите, нема да пушти билето во слободна продажба за мечот од квалификациите за СП 2026, меѓу Србија и Албанија кој се игра во Лесковац на 11 октомври.
Сите 6.500 билети ќе се дадат на разни организации, а секој кој што ќе добие билет на влезовите ќе биде дополнително проверен од страна на обезбедувањето со цел да не го даде својот билет на друго лице.
Србија едноставно не сака ништо да ризикува ако се знае историјата на мечевите на овие две репрезентатации, а и да се избегнат несаканите скандиња од страна на навивачите како што беше минатиот месец на “Маракана“ на средбата со Англија.