Официјално: Давид Тошевски во дресот на Дендер!(ФОТО+ВИДЕО)

133
ФОТО: FCV Dender/FB

Сега веќе е и официјално. Нашиот репрезентативен напаѓач, Давид Тошевски (24) од денеска е нов член на Дендер, клуб од елитната лига на Белгија. По тој повод медија-тимот на овој клуб изработи пригодно видео со кое го претстави македонскиот фудбалер како свој нов член.

Инаку неколку недели се најавуваше овој трансфер, ама ете од денеска е и официјално.

Да потсетиме дека Тошевски многу млад се промовираше во Работнички, потоа во таа 2020 година направи голем трансфер во Ростов, но кариерата не одеше во посакуван правец, сепак младиот напаѓач се издигна и во дресот на Австрија Клагенфурт почна да игра според посакувањата, во тие моменти дојде и повикот од селекторот Благоја Милевски.

Да му посакаме на Давид многу голови за својот нов тим.


ПретходноКејн: Сон ми е да ја освојам Лигата на шампионите, можеби ќе ми се оствари оваа сезона
СледноПроблеми за Барса: Јамал повторно се повреди и ќе биде во „аут“ две до три недели!