И официјално, Аце Станковски од денеска не е веќе тренер на МРК Куманово, ракометниот суперлигаш од истоимениот град. Како што информираа од раководството на клубот преку своите социјални мрежи, него на клупата на тимот ќе го наследи Љубиѓа Димковски.
Како што е вообичаено, МРК Куманово јавно му се заблагодари на својот досегашен стратег.