Жалгирис го урна шампионот, Ти-Џеј Шортс и Пао поразени дома од Барса!

31
ФОТО: EuroLeague/X

Вечерва се одиграа седум мечеви од 2.коло во Евролигата, со што се заокружи и втората рунда во ова натпреварување.

Супер интересно беше на мечот меѓу Жалгирис и Фенербахче, кој на крајот во супер драматичен меч го доби литванскиот тим со 84:81.

Треба да се каже дека Болдвин за гостите одигра маестрален меч, со 36 поени, но тоа не беше доволно да се победи.

Па така Жалгирис има два од два на стартот од новата сезона.

Анадолу Ефес како домаќин беше поразен од Хапоел Тел-Авив со 81:87. Валенсија го победи Виртус со 103:94.

Монако го декласира Дубаи со 103:81, додека Асвел славеше против Басконија со 102:95.

Панатинакиос во преполната ОАКА среде Атина со пораз пред своите фанови од одличната Барселона и тоа со 96:103. Колку и да се обидуваше тимот на Ергин Атаман да дојде до победата, сепак против себе ги имаше расположените Пантер и компанија.

Своја минутажа на овој меч за Пао доби и нашиот репрезентативец Ти – Џеј Шортс кој за 11 минути минати на паркетот забележа само четири поени.

ПретходноВирус во Бенфика, можно е одложување на супер – дербито со Порто!
СледноПо победата против Фулам: Борнмут си гази и најмалку до утре ќе биде втор на табелата во ПЛ!