И Барселона се откажа од проектот „Суперлига“

33

Шпанските медиуми наведуваат дека Барселона „кренала раце“ од идејата за формирање на Суперлига на најдобрите веропски клубови. Раководството на Барса е убедено дека значајните промени што УЕФА неодамна ги направи во форматот на европските натпреварувања доведоа до зголемување на финансиската профитабилност за водечките клубови, па затоа идејата за Суперлига повеќе не е релевантна за нив.

Во еден момент, веста за создавањето на таканаречената Суперлига како одговор на постојните турнири од УЕФА го потресе фудбалскиот свет. Потоа, тргна и конфронтацијата меѓу двата концепта, и на крајот, проектот, чии предводници беа претседателите на Барселона, Жоан Лапорта и на Реал Мадрид, Флорентино Перез, беше принуден дури и да размисли за промена на почетниот формат.

ПретходноНавивачите на Ст. Труиден го одбраа Mуслиу за најдобар во септември
СледноКејн: Сон ми е да ја освојам Лигата на шампионите, можеби ќе ми се оствари оваа сезона