Кошарката во Македонија: Два клуба потпишале дека ќе го вратат долгот за да играат во „Кале“

160
Фото: КФСМ

Денеска и официјално со дуелот меѓу бранителот на титулата, МЗТ Скопје и дебитантот Маџари стартува новата сезона во Првата лига.

Со оглед на квалитетот на кошаркарскиот шампионат во нашата земја, наместо да зборуваме на стартот за составите со кои располагаат прволигашите и нивното залагање за подобра иднина на овој спорт, главна тема и натаму се салите (основата) каде ќе се игра „елитна“ кошарка.

Пред извесно време од КФСМ го објавија извештајот од Комисијата која е задолжена да провери во каква состојба се салите каде што ќе се игра Прва лига. Тогаш пет сали кои се пријавени од страна на прволигашите во машка конкуренција ги исполнуваа условите, додека пет добија „А Условна“ лиценца.

Денеска пред стартот на првенството, една отпадна од комбинација, а тоа е салата „Фискултурно“ која беше пријавена од Работнички, а според делегирањето и нашите информации во „Шабан Трстена“ во Скопје, „26 април“ во Гевгелија, „Младост“ во Гостивар и „Независна Македонија“ во Скопје, се исполнети условите.

Работнички и ТФТ висеа за „Кале“ ама овој проблем е решен, како должници на оваа сала потпишале репрограм дека ќе го вратат долгот, па вратата им е отворена.

Останува да видиме дали навистина се направени корекции или пак повторно ќе им се прогледа низ прсти на клубовите, па наместо нова приказна – кошарката ќе тера по старо.

ПретходноГоран Станиќ со една промена во составот за дуелите против Ерменија и Црна Гора
СледноФудбалски скандал со обложување во Италија – пристигнаа строги казни