Гол-машина: Мбапе е играч на месецот во Ла Лига!(ФОТO)

0
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Откако УЕФА го прогласи Килијан Мбапе за играч на 2.коло во Лигата на Шампионите, денеска мега – ѕвездата на Реал Мадрид доби уште едно големо признание.

Имено Французинот од страна на раководството на Ла Лига беше прогласен за најдобар играч за месец септември.

Сосема заслужено ако се знае во каква страшна форма се наоѓа “кралот“ на Мадрид.

Тој беше стартер на сите четири меча за Реал во изминатиот месец, постигна пет голови и беше стрелец на сите тие четири натпревари.

Реал на тие четири средби постигна три победи, со Сосиедад 2:1, Еспањол 2:0 и Леванте 4:1 и пораз од Атлетико Мадрид со 2:5.

ПретходноГвардиола: Најдобриот Родри ќе го видите на СП 2026!