МЗТ Скопје против дебитантот ја отвара новата сезона

21

Како што пишавме новата сезона во Првата лига ќе стартува денеска со мечот меѓу актуелниот МЗТ Скопје Аеродром и дебитантот во суперлигашката конкуренција, екипата на Маџари. Ова ќе биде 34. по ред, шампионат на Македонија.

Ова првенство ќе се одигра според поинаков систем за натпреварување. Тоа се однесува за оној втор дел од сезоната, во кој по одигрувањето 22. кола, ќе се формираат две групи, од 1. до 6. односно од 7. до 12. место.

Првопласираните шест екипи од регуларниот дел ќе одиграат уште пет кола според еднокружен бод-систем ФИБА Бергер, според истиот систем ќе играат и екипите пласирани од 7. до 12. место.

По одигрувањето на петте кола, првопласираните четири екипи (од групата 1-6) играат плеј-оф за титула државен првак за сезоната 2025/2026, додека последнопласираните три (од групата 7-12), испаѓааат од МТЕЛ Супер лига-мажи.

Полуфиналето од плеј-офот се игра во два добиени натпревари од најмногу три можни, според принципот „1-1-1“.

Победниците од полуфиналните серии ќе играат во финалето на плеј-офот. Односно серија во три добиени натпревари од најмногу пет можни натпревари според системот „2-2-1“, со предност на домашен терен која ја имааат подоброрангираните екипи.

Поразените екипи од полуфиналните серии ќе разигруваат за пласман на третото место, во серија од два добиени натпревари од најмногу три можни, според системот „1-1-1“.

Календарот вели дека првиот дел од сезоната ќе се игра од 3. октомври 2025, до 4/5.април 2026 година за кога е предвидено 22. коло од регуларниот дел.

Плеј-офот, односно плеј/аут сегментот почнуваат на 11/12 април, заклучно со 255/26.април. Полуфиналето е предвидено за периодот од 2/3.мај до 9. евентуално 10. мај.

Финалето, односно натпреварите за третото место ќе се играат од 16/17 до 30/31 мај (ако се играат максимални, пет натпревари).

Календарот е подложен на промени, условени со настапите на екипата на Пелистер во ФИБА Еврокупот, односно на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ во АБА 2 лигата.

МТЕЛ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 1. КОЛО

3. ОКТОМВРИ (ПЕТОК)

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Маџари

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0mHp_VDXm7I?si=tdn1u5R4zH8LJon5

4. ОКТОМВРИ (САБОТА)

18.00: Гостивар – Тиквеш Голден Игл

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/_sBPP_6XW_0?si=p1_wm3OZ8YO_-IMK

5. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Кожув – ТФТ

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Hgn94lpOS_8?si=b4wionqdpRYL9oxg

19.00: Чаир 2030 – МКК Кумааново

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8y5-Exy-5fQ?si=_gDxniH4BnAx__vJ

20.30: Феникс 2010 – Ангели

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНКhttps://www.youtube.com/live/2bjzzaAmDgw?si=1bOr6xe4SoPaJvpg

6. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: Работнички – Пелистер (МРТ3)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MEhBso_uNG8?si=D1I8hklZfUDqeS3n

ПретходноЕкс-стратегот на Милан најверојатно ќе биде нов тренер на Бензема и Канте
СледноАрсими e во налет, нов предизвик Македонија Ѓ.П.