Ниту Герет Саутгејт не може да гарантира брзи резултати во Јунајтед

58

Герет Саутгејт стравува дека нема да му биде дадено доволно време да го трансформира Манчестер Јунајтед ако го преземе. Според „Сан“, поранешниот селектор на Англија е подготвен да започне разговори со клубот за кој е навивач од детството. Сепак, тој верува дека ќе бидат потребни околу четири години за тимот да стане вистински кандидат во Лигата на шампионите. Поради ова, Саутгејт ќе бара гаранции дека раководството на Јунајтед ќе се држи до долгорочниот план што ќе го изготват заедно.

Англискиот специјалист е загрижен и за нешто друго – дека ќе се очекуваат брзи резултати, додека тој е поддржувач на постепени промени во подолг временски период.

Имињата на Оливер Гласнер, Андони Ираола, Фабијан Хурцелер, Марко Силва, Оле Гунар Солскјер и Мајкл Карик се меѓу оние што ги споменуваат англиските медиуми како можни наследници на Рубен Аморим, во случај раководството на „Црвените ѓаволи“ да одлучи да се раздели со Португалецот.

ПретходноПогледнете како изгледа официјалната топка за Светското првенство во 2026 година (ВИДЕО)
СледноГоран Станиќ со една промена во составот за дуелите против Ерменија и Црна Гора