ПМФЛ: “Лавовите“ го декласираа Арсими!(ФОТО)

148

Попладнево на стадионот во Ѓорче, во првиот меч од 9.коло, Македонија ЃП успеа со 4:1 да слави убедлива победа против Арсими. Христов, Талаков, Гереро и Маркоски беа стрелците за победничкиот состав, додека за гостите реализираше Шефити.

Заслужена победа на “Лавовите“, четврта оваа сезона, со оглед на тоа дека беа подобар ривал, ги имаа извонредните Талаков и Стоилов, знаеја како треба.

Се почна со зицерот на Христов во 3.минута, но напаѓачот на “Лавовите“ не успеа да ја затресе мрежата на Силјановски кој одлично беше поставен. Сепак, Македонија ЃП во 12.минута дојде во водство откако Талаков асистираше а Стоилов погоди за 1:0.

И по тој гол “Лавовите“ беа подобри, имаа контрола на настаните на теренот, а Арсими почна да игра дури во последните минути од првиот дел, во тој период Рамадани се закани, но голманот Јанков ја исфрли таа топка во корнер.

Последната шанса за промена на резултатот во првиот дел имаше Софијаноски, но сепак ништо од тоа, па така на пауза се замина со тие 1:0.

Веќе во 52.минута Талаков го удвојува водството. Три минути подоцна домашниот офанзивец Клинтон Осеи го имаше веројатно промашувањето на сезоната. Просто несфатливо е како тоа успеа да не го погоди празниот гол на Арсими.

И казната стигна во 63.минута кога Шефити со убав гол намали на 2:1, а две минути подоцна гостите останаа со играч помалку на теренот.

Арсими иако со играч помалку целосно се отвори, јасна беше желбата да се дојде до израмнување, а домашните настојуваа по секоја цена да ги контролираат настаните на теренот.

Се играше 82.минута кога гостинскиот голман Силјановски киксираше, а на Гереро не му беше тешко да погоди за 3:1. Шефити можеше да постигне уште еден гол, но сепак неговиот шут од слободен удар со фантастична парада го одбрани голманот Јанков.

Сепак тоа не беше се, Маркоски во самиот финиш со убав гол ги постави конечните 4:1 за Македонија ЃП.

По оваа победа тимот од Ѓорче има 12 бодови и се наоѓа на 6.место,

Утре, во недела и во понеделник се играат останатите средби од ова 9.коло, по што следува двонеделна репрезентативна пауза.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

 

No description available.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: З.В. ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 7.291.946 ДЕНАРИ
СледноНавивачите на Ст. Труиден го одбраа Mуслиу за најдобар во септември