Полувреме: Стоилов “тресеше“ за водство на “Лавовите“!

78

МЃП – Арсими 1:0 е резултатот по првото полувреме во Ѓорче на првиот меч од 9.коло во ПМФЛ. Стрелец на тој гол беше Ѓорѓи Стоилов, по асистенцијата на Талаков, уште во раната фаза од средбата, во таа 12.минута.

Лавовите“ беа подобри, креираа неколку добри акции, имаа и зицер преку Симеон Христов, опасно се закани и Софијаноски во 45.минута и заслужено водат.

Арсими се “отвори“ дури во последните 10 минути, Рамадани можеше да израмни, но сепак на пауза се замина со тие 1:0 за Македонија ЃП.

ПретходноГРК Охрид останува без Јотиќ подолг период
СледноАнгличаните го објавија списокот: Тухел ги „откачи“ Фоден, Белингем и Грилиш