Чудо невидено во Премиерлигата. Борнмут предводен од Андони Ираола си гази во најсилната лига во светот. Вечерва на свој терен славеше со 3:1 против Фулам и тоа со пресврт. Гостите поведоа со голот на Сесењон во 70.минута. Следуваа фуриозни напади на домашните и тоа вроди со плод. Пресвртот го најави Семењо во 78.минута за 1:1, Клајверт во 84.минута донесе водство од 2:1 за Борнмут за невидена еуфорија кај домашните фанови. Точка стави Семењо со својот втор гол во 90+6.минута за конечни 3:1.
Со оваа победа Борнмут има 14 бодови и сега е втор веднаш зад Ливерпул кој има 15, а пред Арсенал кој е трет со 13, но овие две екипи имаат меч помалку. На ова второ место Борнмут ќе остане најмалку до утре.
Нема што. Борнмут е чудото во Премиерлигата.