Проблеми за Барса: Јамал повторно се повреди и ќе биде во „аут“ две до три недели!

46
ФОТО: FC Barselona/X

Проблеми за Барселона, но и за селекцијата на Шпанија во пресрет на октомврискиот репрезентативен циклус. Имено Ламине Јамал повторно се повреди и ќе биде во “аут“ околу две до три недели.

Оваа информација ја потврдија и од самиот клуб.

Јамал се повреди на мечот со ПСЖ. Почуствува болка во пределот на препоните па ќе отсуствува две до три недели. Нема да биде во комбинација за следниот меч со Севиља“ се огласија од таборот на Барселона, поточно од медицинскиот тим на каталонскиот гигант.

Инаку да потсетиме дека претходно тој се врати од старата повреда која исто така го одалечи од терените извесно време.

ПретходноОфицијално: Давид Тошевски во дресот на Дендер!(ФОТО+ВИДЕО)
СледноАце Станковски не е веќе тренер на МРК Куманово! (ФОТО)