Вирус во Бенфика, можно е одложување на супер – дербито со Порто!

41
фото: SL Benfica (X)

Како што пренесуваат медиумите во Португалија, во Бенфика има и тоа какви проблеми.Имено некочлку играчи се “зафатени“ од вирус, исто така и тренерот Жозе Мурињо се пожалил дека има симптоми па не може да одработи нормален тренинг.

Неволјата да биде уште поголема, гигантот од Лисабон во недела го чека супер – дерби со Порто, па веќе се шпекулира дека можно е овој меч да биде и одложен ако Бенфика не успее да собере доволен број играчи кои би можеле да бидат на теренот и на клупата.

Инаку да се одложи натпревар во шампионатот на Португалија, односно да биде потврден вирусот ќе мора да се добие потврда од лица од Националната здравствена служба.

Веројатно утре ќе се знае и дефинитивно што со големото дерби во Португалија кое е закажано за в недела на „Драгао“ од 21:30 часот.

ПретходноГол-машина: Мбапе е играч на месецот во Ла Лига!(ФОТO)
СледноЖалгирис го урна шампионот, Ти-Џеј Шортс и Пао поразени дома од Барса!