Дебитантот Маџари убаво го „раздрма“ МЗТ Скопје

86

Актуелниот бранител на титулата, МЗТ Скопје не мина според очекувањата против дебитантот во Првата лига, Маџари.

Иако се чинеше дека искуствто кое го поседува тимот од Аеродром ќе биде доволно за лесни бодови на стартот, сепак на другата страна младиот стратег Миодраг Тодоровиќ добро го подготвил својот тим.

Многу малку фалеше во СЦ „Јане Сандански“ да се случи сензација, на крајот првакот едвај славеше со 77-70. Ова беше прв меч од новата сезона во Првата лига.

МЗТ Скопје своето најдобро издание го имаше во третата четвртина во која на двапати имаше двоцифрена разлика (53-42 и 60-50). Но, ниту на овој резултат не се предадоа гостите напротив дојдоа на минус пет (60-55) на стартот на последните десет минути.

Драмата продолжи и во 34-та минута, Димитровски и Грин со две тројки доближија на 64-62, не искористија напад за израмнување. Гостите бркаа негатива од седм поени во последните две и пол минути (73-66), не поради квалитетот на противникот, туку поради грешките кои ги правеа. Токму ова беше клучно за поразот.

Претходно, Маџари во првата четвртина водеше со 5-10, домаќинот ја врати позитивата која беше и шест разлика, но ништо сериозно, бидејќи овој период заврши со 27-25, на одморот резултатот беше 43-40.

Гил со 22 поени беше прв стрелец кај победникот каде 12 поени имаше Андоновски. На другата страна Стапелтон имаше 22 поени, додека Грин 21.

ПретходноПрилеп со триумф против Струга!
СледноНеверојатно: Еве како Леклер и Норис се судрија во Сингапур… во боксот! (ВИДЕО)