КФСМ не попушта: Прволигашите се растрчани да ги платат долговите за лиценците за странци

128

Новото раководство на Кошаркарската федерација на Македонија одлучи да ги смени лошите навики на клубовите за да може овој спорт да заживее.

„Животот на вересија“ се чини завршува. Уште пред стартот на првенството од федерацијата им наложија на сите клубови на пет рати до јануари следната година да ги исплатат долговите по сите основи, нема да прави исклучок само за една работа, а тоа е лиценци за странски играчи.

Вкупниот долг на сите клубови во државата кон федерацијата е над 200.000 евра. За расчистување на истиот екипите потпишале договор, со кој се обврзуваат да ги подмират во следните нецели четири месеци, во спротивно може да се збогуваат со настап во било кое натпреварување.

Она за што нема да се прави исклучок тоа се лиценците за странски играчи, тие треба да се подмират до почетокот на сезоната, за Прва лига мажи тоа е денеска, па доколку некој од клубовите должници не го сторат тоа и немаат доказ, ќе треба да се помират со службен пораз.

Со оглед на тоа дека прволигашите се навикнати на да бидат комотни, овие промени ќе им дојдат тешко, но истите веќе ги применуваат бидејќи во КФСМ не сакаат да слушнат за одложување на било која обврска пропишана со правила и пропозиции.

ПретходноНационалната агенција за наплата (NAN): Една година градење доверба и финансиска дисциплина
СледноЦаке доби повик од Албанија за дуелот со Србија, Мато со повик од Уганда, Гаје од Гамбија!