Новак Ѓоковиќ го победи Марин Чилиќ со 2:0 (7:6, 6:4) во второто коло од турнирот во Шангај. Искусниот Хрват му пружи достоен отпор на српскиот тенисер во првиот сет, но подоцна ја изгуби концентрацијата, а Ѓоковиќ ја засили играта и влезе во третата рунда.
Таму ќе се соочи со Јаник Ханфман, кој го елиминираше Франсис Тиафо.