ВМФЛ: “Пиратите“ убедливи со Вардар (Н), без голови во Охрид, Г. Коњари го шокира Кожуф…

421

Попладнево се одиграа седум меча од 7.коло во ВМФЛ. Екипата на Скопје, на свој терен на Автокоманда, успеа со 4:1 да слави убедлива победа против Вардар Неготино. “Пиратите“ во текот на целиот меч беа подобри и на крајот заслужено победија, сега се на третото место на табелата.

Брегалница не успеа да победи на гости кај Охрид. Во една тврда средба, немаше голови па така на крајот и двете екипи мораа да се задоволат само со по бод.

Супер изненадување на мечот меѓу Г. Коњари и Кожуф, славеа домашните со 1:0, ова е нивна прва победа сезонава и освоени се првите бодови.

Слога Виница на свој терен беше поразена од Осогово со 0:1,додека Детонит очекува ја победи Победа со 3:1 и освои три нови бода.

И тоа како беше интересно во Македонска Каменица каде Саса до 90+6.минута имаше водство од 3:2. Сепак во последниот напад, буквално во последната секунда “штофарите“ израмнија на 3:3 со што освоија голем бод.

Новаци немаше проблеми на гостувањето кај Преспа и успеа да дојде до убедлива победа од 0:3.

Утре од 18:30 часот во Струмица под светлоста на рефлекторите, играат Беласица и Шкендија Арачиново.

РЕЗУЛТАТИ – 7.КОЛО

Детонит – Победа 3:1

Скопје – Вардар (Н) 4:1

Г.Коњари – Кожуф 1:0

Саса – Тетекс 3:3

Охрид – Брегалница 0:0

Преспа – Новаци 0:3

Слога (В) – Осогово

УТРЕ, 18:30 Ч

Беласица – Шкендија (А)

ТАБЕЛА

Брегалница 17, Беласица 16, Скопје 14, Шкендија Арачиново 14, Детонит 13, Новаци 13, Кожуф 12, Охрид 12…

ПретходноБрера спаси бод во последните моменти против Башкими
СледноЛацио и Торино одиграа „Серија А“ класика во Рим