Во најновото коло до Бундес лигата попладнево се одиграа четири мечеви. Најјинтересен секако оној во кој Дортмунд го пречека ред Бул Лајпциг на свој терен но не успеа да обезбеди победа. Мечот заврши 1:1.
Гостите имаа водство по само седум минути игра кога погоди Баумгартнер. Домашните преку Коуто вратија во 23. минута од мечот, и иако се очекуваше уште возбудувања сепак, мрежите до крајот на мечот мируваа.
Од друга страна пак, тимот на Аугзбург го искористи домашниот терен и победи со 3:1 против Волфсбург.
Баер Леверкузен со 2:0 беше подобар од Унион Берлин додека пак Вердер минимално,со 1:0 го совлада Сент Паули.