Познат составот на Македонија У17 за квалификацискиот турнир во Струмица

214

Македонската репрезентација до 17. години од 8 до 14 октомври ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир на кој што поркај ние, учевствуваат и репрезентациите на Унгарија, Чешка и Гибралтар. Домаќин ќе биде градот Струмица, каде што овие селекции ќе се обидат да обезбедат пласман понатаму, односно да бидат дел од елитната фаза од квалификациите.

Македонската репрезентација, турнирот го отвора против Унгарија, на 8. октомври (13:00 часот), на 11. октомври ќе се соочиме со Чешка (13:00 часот), а последниот натпревар е против Гибралтар на 14. октомври (13:00 часот).

Голмани: Лука Грчевски (ФК Црвена Звезда, Србија)Амин Суловиќ (Скопје)

Одбрана: Филип Цветковски (Вардар)Марко Иванов (Копер, Словенија)Матеја Масев (Црвена Звезда, Србија)Грегоријан Михајловски (Сервет, Швајцарија)Никола Митев (Сасуоло, Италија)

Среден ред: Амер Бајрами (Работнички)Алек Чедомирски (Македонија ЃП)Андреј Цветковски (Вардар)Мартин Џангаровски (Македонија ЃП)Јасмин Ѓоргиев Лука (Вардар)Лука Кнежевиќ (Македонија ЃП)Бленди Љачка (Фенербахче, Турција)Ердин Мамути (Работнички)Михаил Митревски (Македонија ЃП)

Напад: Фадил Исламовиќ (Кустошија Загреб, Хрватска)Марко Мирчевски (Охрид Лихнидос)Васко Папалиски (ФК Парк)Јаков Стојковски (СЦ Падерборн 07, Германија)

“Не очекува квалификациски турнир на кој сме домаќини и се надевам дека момците ќе дадат сѐ од себе во дуелите со Унгарија, Чешка и Гибралтар и достојно ќе ја претставуваат Македонија.
Секако дека фаворитската улога им ја препуштаме на Чесите и Унгарците, но и ние имаме респектабилен состав, во кој секој доколку го даде својот максимум и со малку среќа, сѐ е можно.
Се надеваме на позитивен резултат.
Драго ми е што сите играчи се одѕваа на повикот, вклучително и оние кои настапуваат во странство. Во недела патуваме за Струмица, каде во мирна атмосфера ќе се подготвуваме за првиот дуел во среда против Унгарија.
Верувам во овие млади фудбалери, тие имаат голем потенцијал и со вистински пристап можат да направат чекор напред во нивниот развој и да ја израдуваат нашата публика.“– изјави селекторот Влатко Колев.

 

ПретходноЕкс-тимот на Димитријевиќ го растури Зенит
СледноТотенхем со гостински триумф кај Лидс