Стартниот дуел од Премиерлигашката понуда денеска, помеѓу екипите на Лидс и Тотенхем, заврши со гостинска победа на „Спарси“ со конечни 1:2.
Матис Тел искористи една добра контра во 23. минута од мечот за 0:1, а потоа домаќинот преку Окафор израмни на 1:1 пред полувреме во 35. минута.
Мохамед Кудус во 57. минута повторно го врати Тотенхем во водство што беше и клучниот момент на мечот. Домаќинот потоа не успеа повторно резултатски да се врати и ги загуби бодовите.
Тотенхем одлично стои на стартот на шампионатот, и е втор со 14. бодови, додека пак Лидс сега е дванаесетти со осум бода.