Аталанта само до бод со Комо!

12
ФОТО: Atalanta Bergamasca Calcio/FB

Вечерва во Бергамо, во локалното дерби на Ломбардија, Аталанта и Комо одиграа 1:1. Меч во кој домашниот состав важеше за фаворит, но сепак успеа да освои само еден бод, а гостите покажуваат дека и натаму се во добра форма и дека се хит на стартот од оваа сезона во Серија А.

Самарџиќ во 6.минута донесе водство за домашните и ретко кој помислуваше дека Аталанта нема да дојде до трите бода.

Така и беше, и тоа поради убавиот гол на Перое во 19.минута за 1:1.

Ова беше конечен резултат како што се испостави подоцна.

Во продолжение од средбата и двете екипи имаа свои шанси, сепак на крајот резултатот гласеше 1:1.

По овој натпревар Аталанта со 10 бода привремено е шеста на табелата во Серија А, а Комо со еден бод помалку е седми.

ПретходноБилбао со победа против Мајорка
СледноВини, Вини па Мбапе: Реал Мадрид победнички на “Бернабеу“!