Брера спаси бод во последните моменти против Башкими

149

Башкими беше поблиску до трите бода во Струмица, но пеналот во 87 минута, донесе бод за Брера. Првото возбудување на стадионот во Струмица се случи во 8. минута кога Тодоров шутираше од 20 метри, но топката заврши покрај голот на Јашар. Гостите возвратија во 25. минута преку Манасиевски, но топката повторно заврши покрај голот на Брера. Во 32. минута, Нзенгуе се обиде од 20 метри, но топката заврши во рацете на гостинскиот голман. Во 35. минута дојде до промена на резултатот.

По брз контранапад на Башкими, Мислими центрираше од левата страна, и на вистинското место се најде Аворнио, кој со глава го совлада Вргов. Првата акција во второто полувреме ја имаше домашната екипа. Тодоров шутираше од 16 метри, но Јашар се најде на вистинското место. Домашната екипа се закани повторно преку Нзенгуе, но голманот Јашар не дозволи израмнување на резултатот. Аризанкоски испрати вистинска бомба од левата страна во 82. минута, но за среќа на Башкими, топката помина покрај голот на Јашар.

Во 85. минута, судијата Пларент Салихи покажа на белата точка за екипата на Брера по дуелот меѓу Пановски и Драме. По консултацијата со ВАР-системот, судијата Салихи ја потврди одлуката. Нзенгуе не греши и израмни на 1-1. Истиот играч во 90. минута имаше шанса да донесе и три бода за Брера, но неговиот обид заврши покрај голот на Башкими.

ПретходноШкупи го освои првиот бод сезонава, Работнички тоне ли тоне
СледноВМФЛ: “Пиратите“ убедливи со Вардар (Н), без голови во Охрид, Г. Коњари го шокира Кожуф…