Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го скрати списокот на ракометарки повикани за подготовка и настап за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Германија и Словенија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.
Сениорките прво ќе оддиграат натпревар против селекцијата на Германија, во Гумерсбах со почеток во 19:30 часот, а потоа следи натпреварот против селекцијата на Словенија во салата “Боро Чурлевски” на 19 октомври со почеток во 18 часот.