Дисквалификација за двајцата возачи на Вилијамс! (ФОТО)

54
ФОТО: Formula 1/X

Она што се најавуваше, сега е и официјално. Алекс Албон и Карлос Саинц останаа без своите места, откако двата болида беа исклучени од квалификациите поради технички прекршоци. ФИА потврди дека двата болида на Вилијамс ги прекршиле техничките прописи, што значи дека двоецот ќе стартува одзади. Откако се квалификуваа на 12-то и 13-то место на патеката Марина Беј, Алекс Албон и Карлос Саинц се соочија со дисквалификација.
Двата болида на Вилијамс не го поминаа задолжителниот технички преглед на ФИА по сесијата.

Како што е наведено во официјалната изјава на техничкиот делегат на Формула 1, Џо Бауер, прегледот покажа дека „прилагодливите елементи на задното крило“ на двата болида ја надминале дозволената граница. „На болидите со броеви 23 (Албон) и 55 (Саинц), беа проверени крајните позиции на горниот дел од задното крило. И двата болида ја надминаа максималната граница од 85 милиметри од двете страни на надворешниот дел од крилото“, се наведува во извештајот на ФИА.

ПретходноИнтер покажа кој е кој против Кремонезе!
СледноЕП 2026: Македонија ќе игра во Варна, ривали се Бугарија, Полска, Украина…