Екс-тимот на Димитријевиќ го растури Зенит

54
фото: BK Zenit (X)

Ненад Димитријевиќ и неговиот Зенит се поразени на домашен терен кај УНИКС Казан со убедливи 77-104 во меч второто коло во ВТБ-лигата. Поранешниот тим на македонскиот репрезентативец одигра одлично во последната четвртина и успеа да му го нанесе првиот пораз на Зенит.

Димитријевиќ во игра мина нецели 28 минути за кои постигна 14 поени, имаше пет асистенции, два скока, но и пет загубени топки.

Зенит после две кола е на шестото место на табелата во ВТБ-лигата.

ПретходноРеализиран меѓународен ФИБА семинар за статистичари
СледноПознат составот на Македонија У17 за квалификацискиот турнир во Струмица