Младата репрезентација на Македонија продолжува со своите квалификациски предизвици во месецов. На програмата се мечевите од третото и четвртото коло во кое нашите надежи се среќаваат со Ерменија на домашен терен на 10. односно со Црна Гора на 14. октомври.
Во првите две кола не освоивме бодови против Полска, односно Италија, а сега конечно ќе се обидеме да го „скршиме мразот“.
Тоа сепак, ќе мора да го сториме без Мухамед Елмас, кој што се повреди и го откажа настапот. Исто така претходно и вториот играч на Македонија ЃП, Ѓорѓи Дошев поради повреда на коленото, го откажа У21 настапот овој пат.