ЕП 2026: Македонија ќе игра во Варна, ривали се Бугарија, Полска, Украина…

77

Македонската одбојкарска репрезентација ги дозна своите ривали во групната фаза на ЕП 2026 и тоа по вечершната ждрепка која се одржа во Бари.

Се чини дека немавме среќа во ждрепката, ако се знае дека групата Б е пресилна. Играме во Варна, а противници ни се, покрај домашната селекција на Бугарија, потоа Полска, Украина, Португалија и Израел.

Добра работа во врска со ждрепката е тоа што во Варна може да заминат голем број наши фанови и да јка бодрат својата Македонија.

Инаку ЕП ќе се одржи во септември следната година.

ПретходноДисквалификација за двајцата возачи на Вилијамс! (ФОТО)
СледноБилбао со победа против Мајорка