Одбојкарите вечерва ќе ги добијат противниците на ЕП 2026

24
фото: CEV.eu

Вечерва во Бари, Италија (20:450, македонската одбојкарска репрезентација ќе ги добие противниците во групната фаза на Европското првенство 2026 година. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски, ова лето успеаја да направат ушќте еден голем успех со обезбеденото четврто учество на завршниците на европските шампионати, па денеска ќе имаат можност да ги дознаат своите ривали следната година.

Новиот светски првак Италија, сребрениот тим од последното СП, Бугарија, заедно со Романија и Финска се домаќини на 34. Евроволеј следната година и според планираната ждрепка, секоја од овие четири селекции ќе биде носител на една од групите. Италија ќе биде носител во групата А, Бугарија ќе биде носител на групата Б во Варна, Финска во Тампере ќе ги пречека противниците во групата Ц, додека Романија во групата Д натпреварите ќе ги игра во Клуж. Непосредно пред почетокот на ждрепката, секој од домаќините ќе има за право да си избере по еден противник во групната фаза.

Во втората фаза на ждрепката, останатите репрезентации ќе формираат четири шешири со по четири екипи според актуелниот ЦЕВ ранкинг.  Според пропозициите актуелниот европски првак Полска и финалистот на последното ЕП Италија, не смеат да се најдат во игра група и во таков случај извлечениот тим ќе биде сместен на следната слободна група. Во тој случај, Македонија ако не биде избрана од некој од домаќините своите ривачи ќе ги чека од четвртиот шешир каде најверојатно, според ЦЕВ ранкингот би се нашла со Летонија, Шведска и Данска.

Македонија на ждрепката во бари вечерва ќе ја претставуваат претседателот на ОФМ Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовки.

ПретходноБрера нема намера да застане, Башкими охрабрен од Вардар оди да ја освои Струмица
СледноДобра вест од Битола: Брестовац ќе паузира околу дестина дена